Ги хакнаа сајтовите на МОН и на Здравство, па се заканија со објавување криминални мејлови

Да појасниме, целосен лик нема да има во ниеден случај, само некои криминални мејлови, напишаа хакерите на Твитер.

5,186

Македонската хакерска група „АнонОпсМКД“ не престанува да им прави проблеми на македонските институции. Овојпат, нивниот таргет беа сајтовите на Министерството за здравство и на Министерството за образование.

Хакерите, во свој стил, преку Твитер го соопштија „успехот“, а токму преку својот „труд“ упатија пораки до јавноста.






Министерството за здравство потврди дека е хакирана нивната веб-страница. Оттаму велат дека не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата.

„Во моментов се истражува што точно се случило, како и за колку време ќе се реши проблемот за што дополнително ќе информираме“, велат во краткото соопштение од Министерството за здравство.

Па така, кога ќе го отворите сајтот на ова Министерство, веднаш ќе ја забележите пораката што ја оставиле хакерите.

„Пак ние. Овојпат најбедното министерство е наш таргет, министерството за смрт. После сè што видовме со наши очи, не можеме а да не останеме гневни на сите тие синови и ќерки ставени на позиција да водат министерство за здравство, и една добра: за сите медицински лица кои во моментов се во болниците и се борат 24/7 за сите Македонци заболени со ковид-19, ви симнуваме капа и ви се поклонуваме до земја. Секоја чест“, порачаа хакерите.

Истите хакери на Твитер се пофалија дека го хакирале и сајтот на Министерството за образование и наука, но како што наведуваат, нема да ги извадат на виделина сите информации, туку само некои криминални мејлови.

„Да појасниме, целосен лик нема да има во ниеден случај, само некои криминални мејлови“, напишаа хакерите на Твитер.

Претходно, истата група ја нападна и веб-страницата на агрегаторот Тајм во текот на изборната ноќ, кога истовремено падна и сајтот на Државната изборна комисија (ДИК).

Поврзани содржини