„ГИ ГАСИМЕ СВЕТИЛКИТЕ ЗА ЗАШТИТА НА ПЛAНЕТАТА ЗЕМЈА“ Компанијата А1 се приклучи на најголемата еколошка акција

А1 Македонија ги повикува своите корисници да дадат свој придонес кон оваа акција со симболично исклучување на светлата во своите домови да придонесат кон зачувување на животната средина.

14

Компанијата А1 Македонија и оваа година се вклучува во најголемата глобална еколошка активност „Часот на планетата земја“. По тој повод оваа сабота, 25 март, во периодот од 20:30 до 21:30 часот по локално време, светилките ќе ги исклучат милиони индивидуалци, бизниси, организации и влади ширум светот, меѓу кои и A1 Македонија.

Компанијата се приклучува во ова движење со гаснење на светилките во своите работни простории во дирекцијата во Скопје, како и светлечките реклами во сите продажни салони ширум земјата.






А1 Македонија ги повикува своите корисници да дадат свој придонес кон оваа акција и со симболично исклучување на светлата во своите домови да придонесат кон зачувување на животната средина.

А1 континуирано спроведува активности во рамките на проектите на компанијата за општествена одговорност и одржливо работење, обединета под мотото „За подобар свет“. Во А1 Македонија се спроведуваат активности за промовирање и активно практикување циркуларна економија, подобрување на ефикасноста на мрежата со цел намалување на емисијата на штетни гасови, постепено префрлување на енергија од обновливи извори како и паметно селектирање на отпадот.

Повеќе информации за активностите во рамките на платформата „За подобар свет“ можете да прочитате тука.

Поврзани содржини