📷 ГИ ФАТИЛЕ СО КОКАИН, ЕДНИОТ ПРИЗНАЛ, ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦАТА Прилепчанец и кавадарчанец сопрени во „ауди“ во Валандовско

Двајцата осомничени веќе се изведени пред судија во Основниот суд Гевгелија, каде им била изречена мерка притвор од 30 дена.

538

Бел грутчест пакет со кокаин вреден илјадници евра завршил во рацете на струмичката полиција откако при контрола кај Валандово, двајца млади од Прилеп и Кавадарци биле фатени во „ауди“ полн со докази, информираше Министерството за внатрешни работи.

Патничкото возило било сопрено на 2 септември 2025 на крстосницата на патот од Валандово и селото Чалакли. Зад воланот бил 30-годишниот С.Р. од Прилеп, а на совозачкото седиште 27-годишниот А.К. од Кавадарци. При претресот, полицијата пронашла бела грутчеста материја кај А.К.






Фото: МВР

Во полициската станица во Струмица А.К. го признал делото потврдувајќи дека со себе носи околу 100 грама кокаин.

Двајцата осомничени веќе се изведени пред судија во Основниот суд Гевгелија, каде им била изречена мерка притвор од 30 дена.

„Во истиот ден беа извршени и претреси на неколку локации во Прилеп, каде беа пронајдени предмети што може да се поврзат со делото“, соопшти МВР.

 

Поврзани содржини