ГИ ДАВЕЛ СОПРУГАТА И НЕЈЗИНАТА МАЈКА, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ГО „СМЕСТИ“ ВО ПРИТВОР Пијаниот насилник не ја почитувал судска забрана за приближување

Со полициска асистенција, заради нивна заштита, двете жени биле сместени во сигурносна куќа-шелтер центар, соопшти Јавното обвинителство.

752

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 45-годишен жител на Марино, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело Телесна повреда од член 130 став 2 како и кривично дело Неизвршување судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик, соопшти Обвинителството.

„Осомничениот, на 25 мај вечерта, при вршење семејно насилство во домот, во алкохолизирана состојба, телесно повредил жена со која живеел во вонбрачна заедница. Употребил физичка сила врз оштетената и со тупаница ја удрил во главата, а потоа почнал да ја притиска на вратот, со што ѝ нанел телесни повреди – гребаници и хематоми. Потоа се насочил кон сведокот, нејзината мајка, која исто така започнал да ја притиска во пределот на вратот. Со полициска асистенција, заради нивна заштита, двете жени биле сместени во сигурносна куќа-шелтер центар“, соопшти Јавното обвинителство.






Осомничениот, додава ЈО, претходно бил задолжен со судска одлука од Основниот граѓански суд, кој донел решение и му определил привремени мерки за заштита од семејно насилство во времетраење од 6 месеци.

„Со мерките нему му било забрането да врши психичко и физичко насилство врз оштетената и му било забрането да се доближува на растојание помало од 100 метри до домот. И покрај тоа, тој не постапил по правосилната судска одлука донесена во постапка за издавање на наредба на заштита на права, па овластените службени лица го привеле во полициска станица заради понатамошна постапка. Имајќи ги предвид сите околности, јавниот обвинител процени дека постои опасност од бегство и предложи судијата на претходна постапка да му определи мерка притвор“, соопшти Обвинителстввото.

Поврзани содржини