ГЕВГЕЛИЧАНЕЦ ПРОВАЛИЛ ВО КУЌА ВО СКОПЈЕ ЗА ДА КРАДЕ, СОСЕД ГО ВИДЕЛ И ВИКНАЛ ПОЛИЦИЈА Обвинителството бара притвор

20-годишен маж од Гевгелија на 22 јули се прекачил преку оградата во приватен имот во Скопје, со дрвени скали се качил до прозорецот и провалил во куќата, со намера да изврши кражба, соопшти Јавното обвинителство.

160

 

Дваесетгодишник од Гевгелија е осомничен за кривичното дело Тешка кражба, Јавното обвинителство бара судот да му одреди мерка притвор.






„Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишен маж од Гевгелија, бидејќи на 22 јули со кршење се обидел да ограби куќа во Скопје. Тој се прекачил преку оградата и влегол во дворот на куќата во раните утрински часови. Пронашол дрвени скали и ги потпрел на ѕидот, па преку нив се качил до прозорецот. Со сила ја подигнал ролетната, а со хебла отворил и влегол во куќата. Пребарувал и претурал, но бил забележан од сосед кој веднаш пријавил“, соопшти Јавното обвинителство.

Полициските службеници го затекнале и го лишиле од слобода пред да го доврши делото.

„Бидејќи станува збор за лице кое нема постојано живеалиште или престојувалиште во Скопје, а и претходно се јавува како сторител на имотни деликти, јавниот обвинител оцени дека постои ризик од бегство и опасност осомничениот да врши и други кривични дела, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Поврзани содржини