ГЕВГЕЛИЧАНЕЦ ОД ЗАТВОР ИЗМАМИЛ УГОСТИТЕЛ ЗА 2.000 ЕВРА, ДВАЈЦА НЕ МУ ПОВЕРУВАЛЕ Ги лажел дека е обинител што ќе им помогне околу пријави за труење со храна
Пријавениот И.П. Ги довел во заблуда оштетените, ветувајќи им дека за определени парични средства ќе им помогне во решавање на случаи, по наводни поднесени пријави до надлежните институции за труење со храна во нивните објекти, соопшти полицијата.
Гевеличанец кој отслужува затворска казна лажно се претставувал како овластено лице и измамил свои сограѓани, сопственици на ресторани. На едниот му рекол дека е обвинител, а на другиот дека е инспектор и им ветил помош во при решавње на случаи со триење со храна. Еден од угостителите му дал 2.000 евра.
Струмичката полиција му поднесе кривична пријава.
„ОВР Гевгелија до Основно јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против И.П.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени едно кривично дело измама и две кривични дела измама во обид. Пријавениот И.П., кој во моментот издржувал затворска казна во затворот во Идризово, во периодот од 5.12 до 21.12.2024 година телефонски контактирал тројца жители на Гевгелија, сопственици на угостителски објекти, притоа лажно претставувајќи се како вработен во државни институции – Јавно обвинителство и Државен санитарен инспекторат. Ги довел во заблуда оштетените ветувајќи им дека за определени парични средства ќе им помогне во решавање на случаи, по наводни поднесени пријави до надлежни институции за труење со храна во нивните објекти“, соопшти полицијата.
Еден од угостителите му поверувал
„Во еден од случаите оштетениот со посредство на трето лице му дал паричен надомест во износ од 2.000 евра на пријавениот, а по неколку дена, откако сфатил дека е измамен, случајот го пријавил во полиција. Од страна на полициски службеници од СВР Струмица, ОВР Гевгелија и СВР Скопје, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, Секторот за општ и насилен криминал, ОСОСК Скопје и ОЈО Гевгелија, биле преземени повеќе активности со цел откривање на сторителот, при што бил извршен и претрес во затворската ќелија, каде биле пронајдени предмети кои ќе послужат како доказ во понатамошната постапка“, соопшти полицијата.