📽️ ГЕСТ НА ХУМАНОСТ ВО ВРЕМЕ НА ВОЈНА Русинка ја носеше таблата на украинските спортисти на Олимпијадата

Анастасија Кучерова, руска архитектка, самата сакаше да ја предводи украинската делегација како личен гест на поддршка кон земјата растргната од војна.

85

На отворањето на Зимските олимписки игри во Италија, украинската делегација се појави пред очите на светот со својата табла, предводена од личност која ретко би ја очекувале – Русинка. Станува збор за Анастасија Кучерова, која самата изразила желба да ја носи оваа улога.

– Кога чекориш покрај тие луѓе, сфаќаш дека имаат човечко право да чувствуваат омраза кон секој Русин. Но, сметам дека е важно, макар и со најмал гест, да им покажеш дека не сите размислуваме исто – изјави Кучерова.






Таа нагласи дека не се согласува со политиката на рускиот претседател Владимир Путин и дека не го поддржува она што се случува во Украина.

Руската архитектка своето учество го опиша како „мал и личен гест на поддршка кон држава растргната од војна“.

– Украинците не можат да избегаат од мрачните мисли, ниту да се преправаат дека војната не постои. За нив тоа е секојдневна реалност. Се обидуваат да продолжат да се венчаат, да сакаат, да спортуваат, да настапуваат на Олимпијада, но сето тоа се случува во сенката на нешто ужасно – додаде таа.

Интересен детал е дека ниту Меѓународниот олимписки комитет, ниту локалниот организациски одбор не знаеле за нејзиниот идентитет до објавувањето на медиумите. Овој гест на Кучерова, на некој начин, го потсетува светот дека спортот и хуманоста понекогаш можат да стојат над политиката и конфликтите.

Поврзани содржини