ГЕРМАНСКИТЕ ВОЈНИЦИ СЕ ПОВЛЕКОА ОД ГРЕНЛАНД Страв од новите царини на Трамп или нешто друго?

Германските војници на Гренланд пристигнаа пред два дена и беше најавено дека тимот на Бундесверот подолго ќе остане на арктичкиот остров.

1

Германскиот воен разузнавачки тим од 15 војници, неодамна испратен на Гренланд, денеска го напушти арктичкиот остров и се упати кон Копенхаген, изјави портпаролот на германската армија.

Претходно беше најавено дека тимот на Бундесверот подолго ќе остане на Гренланд.






„Останува нејасно дали Германија ги повлекува своите војници под влијание на најавените казнени царини на американскиот претседател Доналд Трамп за земјите кои се против неговата агресивна политика кон Гренланд или постојат други причини за нивното повлекување“, објави германскиот весник Билд.

Германските војници на Гренланд пристигнаа пред два дена, како дел од извидувачка мисија на земјите од НАТО на покана на Данска. Целта беше воена вежба, како и истражување на други опции за вежби и распоредување на војници.

Мисијата почна по неуспешниот состанок помеѓу министрите за надворешни работи на Данска, Гренланд и САД во Вашингтон.

Поврзани содржини