ГЕРМАНСКИТЕ ЛЕКАРИ ЖРТВИ НА НАСИЛСТВО Дури 80 отсто биле малтретирани од пациентите

Во секој случај, тоа е многу понижувачки за нас. А ние сме всушност таму да им помогнеме. И кога ќе ви плукнат в лице во знак на благодарност – не е многу пријатно, вели сестрата Шантал од Хамбург.

280

Клоци, шлаканици, тупаници или напади со разни предмети доживеале над 80 отсто од лекарите, сестрите и здравствениот персонал во Германија, вели онлајн-анкета во земјата. Дури 70 отсто од случаите вклучуваат физичко, а 10 отсто вербално понижување на докторите кои долго време не сакале да зборуваат за ова, јавува МИА.

Не, овие напади најчесто не се случуваат во психијатриските одделенија. Истражувањето на повеќе 1.000 испитаници било направено во клиники од различен тип.






– Проблемот го засега огромното мнозинство вработени во секторот. И сето ова не се случува како што веројатно би помислиле во психијатријата, туку на прво место во најобичните одделенија на болниците, потоа во одделенијата за интензивна нега и дури потоа на психијатриските клиники – вели Кетрин Хустер, медицинска сестра која ја иницирила анекетата.

Кетрин работела како медицинска сестра 20 години и сега работи на одбрана на правата на своите колеги во браншата. Таа и полицајката Рамона Тим го подготвиле деталниот прашалник. Идејата ја добиле откако на социјалните мрежи наишле на бројни сведоштва за физички напад врз медицински сестри и болничари. Имало и фотографии од жртви со повреди – како крвавење и траги од гребнатинки.

Да не била анкетата, можеби за ова немало да се дознае во Германија:

– Ние не зборуваме доброволно за ова прашање. Некако сѐ се става настрана, под изговор дека ова е речиси дел од нашата професија – изјавила медицинска сестра од местото Торстен, Северна Германија.

Сепак, синдикатите нагласуваат дека секој работник во Германија има право на безбедно работно место. И Министерството за здравство признава дека постои ваков проблем, но потсетува дека грижата за заштита на вработените е одговорност на клиниките, а не на политиката.

Новинарите од публицистичката програма „Репорт Мајнц“ и веб-страницата „Цајт Онлајн“, кои ги имаат резултатите од анкетата, разговарале на оваа тема со многу медицински сестри и негуватели. Една од нив е 28-годишната Шантал од Хамбург. Таа работи во одделот за интензивна нега во болница и била сведок на бројни напади од страна на пациентите. „За некои, агресијата е само вербална, но други плукаат, тепаат или гребат со нокти“, рече таа.

Многу од овие пациенти биле под дејство на алкохол и дрога или учествувале во тепачки, односно биле во посебна психичка состојба. За болничкиот персонал, овие напади се особено стресни, рече Шантал:

– Во секој случај, тоа е многу понижувачки за нас. А ние сме всушност таму да им помогнеме. И кога ќе ви плукнат во лице во знак на благодарност – не е многу пријатно.

Анкетата на Кетрин Хустер и Рамона Тим не е репрезентативна и ќе треба да се прават пообемни анкети на поголем број на луѓе. Сепак и на претгодна слична анкета спроведена од Друштвото за здравствена заштита и социјални услуги (BGW), 80 отсто од испитаниците во 81 клиника од страна на, исто така, рекле дека биле нападнати од пациенти во изминатите 12 месеци, при што во 70 проценти од случаите станува збор за физичко насилство.

Поврзани содржини