Германските лекари голи протестираат поради недостиг на заштитна опрема ФОТО

982

Голите фотографии на медицинските работници кои ги покриваат со книги и цвеќиња интимните делови на телото се порака до политичарите да им обезбедат доволно заштитна опрема на лекарите и медицинските сестри.

„Научив како да шијам рани, зарем сега треба да знам да шијам маски“, пишува на транспарентот што го носи една лекарка.






Со 156.000 потврдени случаи и 5.900 починати од ковид-19, Германија се справува со пандемијата многу подобро отколку САД, Италија, Шпанија и Франција. Но, како и тие земји, страда од недостиг на  заштитна опрема.

Лекарите на „голиот“ протест ги инспирираше Алан Колумби, францускиот лекар кој минатиот месец ја објави својата гола фотографија од истите причини.

Владата на канцеларката Ангела Меркел планира финансиски да им помогне на производителите на опрема и ги засили нарачките од странство.

Германски воен авион испорачал во понеделникот 10 милиони медицински маски од Кина во понеделникот, а Министерството за финансии за таа цел издвои дополнителни осум милиони евра.

Сојузните држави воведоа задолжително носење маски во јавниот превоз и во продавниците.

FOTO: Tviter

Поврзани содржини