Германските лаборатории работат турбо поради тестирањето на коронавирусот

Во лабораториите за четири пати повеќе се ангажирани работници. Сега работиме во три смени, 24 часа дневно, седум дена во неделата – вели Кристијан Шолц, директор на лабораторијата Праксис Дијагностикум, пренесува агенцијата ДПА.

313

Лабораториите во Германија работат 24 часа дневно за да може да тестира што повеќе луѓе, а само минатата недела направиле повеќе од 350.000 тестови, соопшти институтот Роберт Кох.

Според информациите на епидемиолошкиот институт Роберт Кох во тестирањето на коронавирусот учествуваат повеќе од 150 лаборатории во кои на сила се вонредни работни планови.






– Во лабораториите за четири пати повеќе се ангажирани работници. Сега работиме во три смени, 24 часа дневно, седум дена во неделата – вели Кристијан Шолц, директор на лабораторијата Праксис Дијагностикум, пренесува агенцијата ДПА.

Во друга лабораторија дневно се прават 5000 тестови, а бројот на вработени кои се задолжени само за тестовите зголемен е за повеќе од 100.

– Индустријата едноставно не успева да произведе доволно реагенси. Ние работиме со пет добавувачи и тоа некогаш не е доволно да ги покриеме моменталните потреби – вели портпаролот на Сојузот на лекари вработени во лабораториите.

Тестовите се прават според упатството од Институтот Роберт Кох, а приоритет имаат загрозените лица како медицинскиот персонал, претставниците на безбедносните служби и други лица кои се изложени на висок ризик од зараза.

Поврзани содржини