Германските компании бараат добавувачи од Западен Балкан

Целта на проектот е германските компании да најдат производители од потребните економски области во Македонија и Западен Балкан.

826

Германско-македонската трговска комора (АХК Македонија) ги поканува компаниите од Македонија и Западен Балкан да бидат дел од регионалниот Б2Б проектот „Иницијатива за наоѓање добавувачи од Западен Балкан“, која се спроведува веќе шеста година по ред.

Овогодинешниот регионален проект Б2Б ќе се одржи во Манхајм на 7-8 септември. Целта на проектот е германските компании да најдат производители од потребните економски области во Македонија и Западен Балкан. Концептот на проектот се заснова на механизмот „B2B – matchmaking“.






Крајниот рок за пријавување на компанијата е 08.05.2002 година.

Околу 50 германски компании го потврдија учеството во проектот. Заинтересираните германски компании доаѓаат главно од секторот за обработка на метали, секторот на снабдување со автомобили, секторот за обработка на пластика и производство. Во некои случаи, претставени се други индустрии, како што се градежништвото и енергетскиот сектор.

Профилите на заинтересираните германски компании се достапни на веб-страницата на „АХК Македонија“. Формуларот за аплицирање е исто така достапен на веб-страницата на „АХК Македонија“. Сите заинтересирани компании се поканети да учествуваат во проектот, во согласност со барањата на декларираните германски компании.

– На овој Б2Б настан ќе имате можност да се сретнете со претставници на врвни германски производни компании кои се заинтересирани за воспоставување деловни контакти со претставниците на компаниите од западен Балкан со цел да станат нивни добавувачи на стоки и услуги – стои во објавата на „АХК Македонија“.

За какви било информации во врска со формуларот за аплицирање, како и за профилите на германските компании, кои точно означуваат што треба да ги вклучат сите компании/производители од регионот во своето портфолио на производи, за да ги исполнат потребните квалификации за потенцијална соработка, заинтересирани да контактираат на [email protected].

Настанот е спонзориран од Министерството за економија и енергија на Сојузна Република Германија како дел од Програмата за развој на странскиот пазар за малите и средни претпријатија на Сојузна Република Германија.

Поврзани содржини