ГЕРМАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ БАРААТ УРЕДБА ЗА ПРЕЦИЗИРАЊЕ НА „НЕДЕЛА НЕРЕБОТЕН ДЕН“ Компаниите да немаат проблеми со глобалните синџири на снабдување

Директорот на Делегацијата на германското стопанство ја информираше министерката за тоа што ќе значи застојот во производството за автомобилската индустрија во однос на глобалните синџири на снабдување и конкурентноста.

632

Германските инвеститори во земјава бараат да се донесе посебна уредба која прецизно ќе уреди недела неработен ден и ќе биде дел од Законот за работни односи со кој се регулира недела да биде неработен ден за сите работници.

Оваа уредба, велат од Делегацијата на германското стопанство, ќе ја заштити позицијата која ја имаат производителите од С Македонија во однос на глобалните синџири на снабдување.






– Заедно со германските инвеститори во земјава поднесовме барање во законот да биде внесена уредба со која прецизно ќе се регулира законот. Оваа уредба ќе ја заштити позицијата која ја имаат производителите од С Македонија во однос на глобалните синџири на снабдување. Ја информирав министерката за тоа што ќе значи застојот во производството за автомобилската индустрија во однос на глобалните синџири на снабдување и конкурентноста на пазарот во однос на земјите со кои С Македонија конкурира во привлекувањето странски инвеститори – изјави Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство.

Барањето, како што информира Мартенс е доставено до министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Мартенс заедно со германскиот амбасадор Ото Граф имале и средба со министерот за правда Бојан Маричиќ на која разговарале за заштитата на странските инвеститори.

Поврзани содржини