ГЕРМАНСКИТЕ ЕКСПЕРТИ ЌЕ ДОЈДАТ СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ Обвинителство се сети да ја сподели информацијата

Од обвинителството велат дека се очекуваат резултатите од наредените вештачења и се врши распит на сите лица кои со своите сознанија би можеле да помогнат за откривање на причините за пожарот.​

298

Јавното обвинителство информира дека експертскиот тим од Федералната криминалистичка полиција на Германија, кој треба да помогне за утврдување на причините за пожарот во модуларниот Ковид центар во тетовската болница, треба да пристигне во земјава во следните неколку дена.

Обвинителството реагира по информациите дека германскиот тим е веќе дојден во земјава.






Во меѓувреме, тимот обвинители од тетовското и скопското обвинителство продолжува интензивно да презема дејствија за испитување на трагичниот настан.

Од обвинителството велат дека се очекуваат резултатите од наредените вештачења и се врши распит на сите лица кои со своите сознанија би можеле да помогнат за откривање на причините за пожарот.​

Поврзани содржини