Германскиот полициски синдикат ги повика луѓето да не ги пријавуваат соседите премногу
Не треба баш секогаш да се вика полицијата. Пандемијата од нас бара и одреден степен на граѓанска храброст, вели Радек.
Синдикатот на германската полиција апелира граѓаните за време на празниците, кога стапува на сила благо попуштање на мерките за собирање, да не ја повикуваат полицијата секој пат кога ќе помислат дека соседите ги кршат мерките за дозволен број на присутни лица.
– Јас прво сам би одел кај соседот и ако навистина се утврди дека има премногу луѓе, би ги предупредил дека ги кршат правилата – вели потпретседателот на Синдикатот на полицијата Јоерг Радек во разговор за весникот Sueddeutsche Zeitung .
– Не треба баш секогаш да се вика полицијата. Пандемијата од нас бара и одреден степен на граѓанска храброст – вели Радек.
Во време на божиќните празници полицијата сигурно нема да оди без повод од куќа до куќа за да ги пребројува колку луѓе седат на маса.
Од 24 до 26 декември во повеќето сојузни покраини со исклучок на Берлин, Порајнја- Фалачке и Сасхе Анхалт, во кои важат досегашните правила, привремено ќе стапат на сила поблаги мерки за приватните собирања.
Во тие три дена нема да важи правилото за максимално собирање на пет лица од најмногу две семејства туку дозволено е собирање на сите лица од едно домаќинство и уште четири други лица без оглед на тоа од колку домаќинства тие доаѓаат. Тоа се однесува само на припадниците на потесниот роднонски круг како родители или браќа и сестри и членови на нивните семејства. Ограничувањата се однесуваат на лицата постари од 14 години.
Во Германија од 16 декември до средината на јануари се на сила строги мерки на ограничување кое вклучува затворање на малопродажбата со исклучок на продавниците за секојдневни потреби и аптеките.