Германски патолози: Имаме докази дека луѓето умираат од ковид-19
Во повеќе од три четвртини на обдукции, заклучено е дека ковид-19 била главна или единствена болест која довела до смрт. Тие луѓе не починале од претходни болести или од старост, вели Јохансен Фриман, еден од најугледните германски патолози
Врвот на германските лекари во областа на патологијата тврдат дека имаат докази дека пациентите умираат од ковид-19, а не од претходни болести или старост. Исто така докажано е дека коронавирусот пред се ги напаѓа крвните садовие, пишува Дојче веле.
Пандемијата на коронавирусот не стивнува, светот покажува замор и револт заради рестрикциитте и заситеноста од информации. Иако за вирусот се знае повеќе, сѐ уште има многу кои и натаму се сомневаат дека тој вирус постпи, дека е опасен и дека луѓето од него умираат.
Имајќи предвид дека обдукцијата на починатите пациенти е дефинитивно единствениот начин научно да се утврди вистинската причина за смртта, токму објавените детаљни анализи на резултатите на клиничките обдукции во Германија докажуваат дека во случаите на тешка форма на ковид-19 во повеќето случаи таа болест била причина за смртта.
Во повеќе од три четвртини на обдукции, заклучено е дека ковид-19 била главна или единствена болест која довела до смрт. Тие луѓе не починале од претходни болести или од старост, вели Јохансен Фриман, еден од најугледните германски патолози, исто како и Карл Фридрих Биринг, претседател на Здружението на германски патолози, Густав Баретон претседател на Германското здружение за патологија и Тили Акер претседател на Германското друштво за неуропатологија и неуроанатомија.
Клиничките обдукции докажуваат дека коронавирусот по многу нешта се разликува од нормалниот вирус на грип.
– Фактот дека коронавирусот не ги напаѓа само белите дробови познато е уште од првите обдукции. Вирусот предизвикува тромбоза, односно создава мали грутки од крв по целото тело. Тоа својство на короната е заедничко со вирусот на грип. Но кај коронавирусот овие пореметувања на згуснување се девет пати почести отколку кај грипот – вели Густаво Баретон, патолог од Универзитетската болница во Дрезден.
Тоа веќе е јасно покаќано во научните трудови на германските ниверзитетски патолози кои дале важен придонес за разбирањето на ковид-19. Трудовите покажале дека коронавирусот прави:
– големо оштетување на крвните садови,
– прекумерно згрутчување на крвта со запушување на белодробните крвни садови
– специфично создавање на нови крвни садови
Ова се карактеристичните и првпат опишани промени на белите дробови заразени со ковид-19. Тие промени битно се разликуваат од слични течки белодробни зарази предизвикани од вирусот на грип.
Покрај ова, германските лекари докажале дека ковид-19 не е локална инфекција на органите за дишење, туку дека вирусот влијае на ендотелот и со тоа доведува до запаленија на повеќе органи како бибрезите, срцето, слезенката, дробот…
Ендотетските клетки ја прават внатрешната плочеста облога на најфините крвни садови-капиларите, преку кој се врши основниот метаболизам на организмот. Допирната површина која овие клетки ја имаат со крвта е огромна- помеѓу 4.000 и 7.000 метри квадратни. Капиларите се наоѓаат во сите органи и поради тоа обезбедуваат размена на матереиите, дејствуваат и како резревоари на крв.
Веќе е познато дека клиничките фактори на ризик за тешка форма на ковид-19 се пушењето, високиот крвен притисок, гојазноста, дијабетесот.
Невролошките обдукции на починатите пациенти докажале дека третина од нив мале воспаление на мозокот. Короната очигледно таму стасала преку клетките На нервниот систем во рецепторите за мирис во слузницата на коренот на носот. Тоа ги изненадило научниците бидејќи таму едвај да има ACE2 рецептори – кој се смета за главна врата за вирусите во човековиот организам.
Во мозокот очигледно е нов рецептор неуропилин1 – вели Тил Акер, неуропатолог.
Овие и претходните сознанија постигнати се под многу тешки услови, повториле повеќе пати врвните лекари, на основа на релативно мал број обдукции. Само 154 или 2 отсто од околу 9.000 починати од ковид-19 во Германија.
Поголемиот број на аутопсии би довел до многу повеќе сознанија.
Повеќе обдукции не се вршат бидејќи семејствата на починатите неволно се согласуваат за вршење на аутопсија. Тешко е да се добие и одобрување од болничкиот менаџмент, односно да се финансира аутопсијата дури и за починатите од ковид-19. Осигурувањето на болниците за обдукција им признаваат трошок во висина од 750 евра, додека таа чини околу 1350 евра, одговорил професорот Фриман на прашање на Дојче веле.
Поради ова, претставниците на германските патолози патиле писмо до министерот за здравство со барање и со конкретни предлози дека заради унапредување на науката, а со тоа и здравјето на сите, да се подобрат условите и да се овозможат повеќе обдкции во Германија, во веќе постоечките 450 германски институти за патологија и невропатологија во кои работат околу 1.500 патолози и неуропатолози.