Целиот свет во моментов трага по решение за проблемот со пандемијата на коронаввирусот, а научниците од Германија истражуваат дали тоа се крие на дното на Јадранско море, пишува Innovationorigins, а пренесува „Србија данас“.
На морското дно на Јадранот расте златен сунѓер, го има насекаде низ Медитеранот, но најмногу на црногорското крајбрежје, а неговата способност да се одбрани од бактерии и вируси, вклучително и РНК вируси како што е SARS Cov-2, ја проучуваат научниците од Бергакадемија Фрајберг.
Експертите од Бергакадемија во црногорскиот Јадран имаат 100 квадрати резервоари во кои го одгледуваат и проучуваат златниот сунѓер заедно со фармаколозите од Универзитетот Дрезден.
Тие најмногу се занимаваат со отпорноста на сунѓерот на сите замисливи биолошки причинители на болеста, како што се бактериите, вирусите или микробите.
Проф. д-р Херман Ерлих од Бергакадемија објаснува дека сунѓерот не смее да биде премногу пребирлив во однос на храната, туку зема што му носи водата. Но, водата му донесува и вируси и бактерии кои тој ги убива без никакви проблеми, иако тој нема имунолошки систем. Дури и кога ќе се повреди, овој сунѓер спречува вирусите или бактериите да продрат во неговата отворена рана, затоа што предизвикува хемиска реакција при која настануваат хемиски изменети аминокиселини бромтиросини.
Досега, научниците успеаја да дефинираат 35 бромтиросини кои уништуваат туѓи тела кои се обидуваат да продрат во сунѓерот, буквално сите вируси и бактерии. Покрај тоа, бромтиросинот го спречува создавањето на протеините, а со тоа и ширењето на РНК вирусите, како што е и SARS Cov-2.
Германските научници долго време го проучуваат овој механизам, а досега имаале намера да го користат за борба против туморите. Клиничките студии веќе се спроведени кои покажале дека бромтиросинот не е штетен за самата клетка нападната од ракот.
Тие исто така успеале и да ја претворат супстанцијата од сунѓерот во кристална форма и имаатвеќе доволно за клиничките студии. Како што додале, изолирани се околу 10 грама, кои ќе бидат достапни за лабораториски испитувања во врска со новиот коронавирус.
Foto: Wikimedia/Esculapio