Германската полиција јавува дека отворила истрага против лекар од Есен поради убиство на двајца пациенти заразени со коронавирусот, објавила власта.
Лекарот кој од фебруари работел во Универзитетската болница во Есен се сомничи дека убил двајца мажи на возраст од 47 и 50 години, кои биле на интензивна нега, а биле заразени со коронавирусот и имале тешка форма.
Полицијата вели дека лекарот признал едно од убиствата и рекол дека сакал да го поштеди пациентот и неговите роднини од натамошни страдања.
Билд јавува дека лекарот гоинформирал семејството пред да му вбризга смртоносна инекција.
Болните во Германија може да побараат помош во врска со заврпување на својот живот на основа на пресуда донесена минатата година, но се уште не е јасно дали тоа се случило и во овој случај.
STAATSANWALTSCHAFT ESSEN SICHER – Oberarzt (44) spritzte Corona-Patienten tot https://t.co/3wGBLdqhes
— BILD (@BILD) November 20, 2020