Германски лекар: Нема респиратор за оние кои не сакаат да се вакцинираат
Ако се разболам, сакам на други да им оставам кревет на интензивна нега и респиратор“ - истакна Волфрам Хам за весникот „Билд“.
Генетичарот Волфрам Хам, член на германскиот Етички совет, смета дека луѓето кои одбиваат да се вакцинираат против коронавирус не би требало да имаат пристап до респиратор и други итни медицински услуги.
– Секој што ќе одбие да се вакцинира, со себе би требало постојано да носи документ во кој ќе пишува: „Јас не сакам да се вакцинирам. Сакам да ја оставам заштитата од болеста на други. Ако се разболам, сакам на други да им оставам кревет на интензивна нега и респиратор“ – истакна Волфрам Хам за весникот „Билд“.
Тој вели дека се оправдани критичните прашања поврзани со вакцинирањето, но препорачува луѓето да веруваат на оние кои навистина се разбираат, наместо на теоретичари на заговори, противници на вакцинирањето и обични мислители.
– Им препорачувам на сите оние кои шират паника веднаш да отидат во најблиската болница и да им ги претстават своите теории на лекарите и медицинските сестри кои тукушто излегле од преполните болнички соби целосно исцрпени – додава Хам.