Германски инфлуенсер со Ламборџини се забил во Шкода и го убил возачот (ВИДЕО)
Ламборџинито и Шкодата веднаш се запалиле, а само возачот на италијанскиот тркачки автомобил успеал да избега од пожарот. Возачот на шкодата починал на местото на несреќата како резултат на пожарот.
Познат инфленсер е уапсен во Германија откако со својот Ламборџини Анвентадор С за време на илегална трка удрил во Шкода, при што загинал возачот.
Полицијата веднаш пристигнала на местото на несреќата, го однела познатиот германски инфлуенсер во болница и потоа го уапсила.
Несреќата се случила на германскиот автобан (А66) недалеку од Хофхајм, а претходела илегална трка. Зад воланот на зелениот Ламборџини Анвентадор С се наоѓал германскиот инфлуенсер Навид Алфа, а како што пренесува германски Билд, токму тој изгубил контрола над возилото, удрил во оградата, а потоа удрил во Шкода и Опел.
Ламборџинито и Шкодата веднаш се запалиле, а само возачот на италијанскиот тркачки автомобил успеал да избега од пожарот. Возачот на шкодата починал на местото на несреќата како резултат на пожарот.
Веста е придружена со видео снимено непосредно пред несреќата, на кое се гледа како инфлуенсерот вози Ламборџини, проследено со уште еден Ламборџини и Порше 911 ГТ3. Видеото јасно ги прикажува како се тркаат и дивеат по патот.
Олеснителна околност нема да бидат снимките ниту од профилот на Инстаграм. Имено, меѓу бројните соопштенија има и едно во кое со 200 км на час го држи воланот со едната рака, а со другата снима со мобилен телефон.
Најновите информации велат дека бил уапсен и 26-годишниот возач на Порше, додека сеуште се трага по возачот на белото Ламборџини.