ГЕРМАНСКИ ЕКСПЕРТИ ЌЕ ПОМОГНАТ ВО ИСТРАГАТА Ќе дојдат деновиве

Станува збор за експертски тим кој доаѓа од Германија, поточно од Бундескриминаламт или Федералната криминалистичка полиција, чиј делокруг на работа е токму во национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој.

215

Германски експерти од Федералната криминалистика (Bundeskriminalamt) ќе пристигнат деновиве во Македонија за да помогнат во истрагата за пожарот во модуларната ковид болница во Тетово, соопшти Владата.

„Утрово е потврдена поддршката од НАТО сојузникот Германија, со што се одобрува во земјава да пристигнат стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово. Станува збор за експертски тим кој доаѓа од Германија, поточно од Бундескриминаламт или Федералната криминалистичка полиција (https://www.bka.de/EN/Home/home_node.html) чиј делокруг на работа е токму во национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој. БКА е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација. Во специјалните задачи кои ги работи БКА е и тим кој работи на истраги со жртви во катастрофи и несреќи. Станува збор за институција која во Германија има 60-годишна традиција на дејствување, со околу 7.000 вработени“, соопшти Владата.






Тимот експерти ќе соработува со МВР и ќе помага во истрагата која ја води Основното јавно обвинителство.

Поврзани содржини