Германската војска добила шкарт заштитни маски за ковид-19

Од почетокот на корона-кризата армијата нарачала околу 10 милиони маски од типот FFP2 без вентили за 47 милиони евра.

259

Германската армија има проблем со лошиот квалитет на милион заштитни маски што им беа нарачани на војниците поради пандемијата на коронавирусот, тврди магазинот „Шпигел“.

Од почетокот на корона-кризата армијата нарачала околу 10 милиони маски од типот FFP2 без вентили за 47 милиони евра.






Анализата на Институтот за заштитна технологија на германската армија утврди дека 67 отсто од нарачаните маски не го исполнуваат потребниот квалитет.

Бундесверот сега побара од производителот да ги замени маските, што не ги исполнуваат критериумите за квалитет, со закана за барање за надомест на штета.

Поврзани содржини