Германската полиција брутално го нападна арапскиот клан Ремо (ВИДЕО)
Минатата година француските и холандските власти „се инфилтрираа“ во комуникациската мрежа што ја користеа исклучиво криминалците и добија бројни пораки.
Утрово, припадници на специјалните единици на германската полиција упаднаа во повеќе од 25 згради во Берлин и Бранденбург, како дел од акцијата против криминалниот арапски клан Ремо.
Кланот е осомничен за трговија со дрога, која ја складирале во еден магацин во Бранденбург, ja префрлувале во буриња и ги превезувале во Берлин.
За време на акцијата беше распишана потерница за апсење на едно лице за кршење на законот за контрола на воено оружје.
Минатата година француските и холандските власти „се инфилтрираа“ во комуникациската мрежа што ја користеа исклучиво криминалците и добија бројни пораки.
Врз основа на тие пораки, германската полиција започна истрага.
Во акцијата утрово учествуваат и припадници на финансиската полиција.
🔴 #BILDLive #BreakingNews: #Razzia gegen #Remmo–#Clan: GSG 9 stürmt 25 Objekte in Berlin und Brandenburg https://t.co/Wh4k5jg2NS
— BILD (@BILD) February 18, 2021