ГЕРМАНСКАТА МИНИСТЕРКА ВЕШТО ИЗБЕГНА ЈАЈЦЕ Можете да фрлате колку сакате, секој има право на мислење (ВИДЕО)

„Можете да фрлате јајца колку сакате“, рече таа, додавајќи дека не дозволува никој да ја заплаши, а на жената што фрлаше со јајца ѝ порача „дека има право на свое мислење, но дека нејзиниот начин (тоа да го искаже) не е најдобар“.

323

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок вчера била на предизборен митинг во Вупертал кога жена гаѓала со јајца по неа, јавува Н1. На видеото се гледа како Баербок успешно го избегнува ударот со јајцето.

 






„Можете да фрлате јајца колку сакате“, рече таа, додавајќи дека не дозволува никој да ја заплаши, а на жената што фрлаше со јајца ѝ порача „дека има право на свое мислење, но дека нејзиниот начин (тоа да го искаже) не е најдобар“.

Денеска, Бербок пристигна во ненајавена и ненадејна посета на градот Буча близу Киев во Украина, каде се одвиваа нерасчистени убиства на цивили и потенцијален геноцид. Во обиколка на градот со главниот обвинител на Украина, Баербок рече дека одговорните за убиствата треба да се соочат со правдата.

– Тоа е она што им го должиме на жртвите. И овие жртви, можете да почувствувате дека овде многу интензивно, овие жртви можевме да бидеме ние – изјави таа.

Посетата на Баербок дојде во моментот кога Киев и Берлин се обидуваат да ги поправат односите по расправиите околу неподготвеноста на Берлин да ѝ испорача тешко оружје на Украина. Холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра, исто така, отпатува во Киев со Баербок, соопшти холандското Министерство за надворешни работи.

Германската министерка ќе посети повеќе места во Украина, а свои идни посети најавија и германскиот канцелар и претседателот.

Поврзани содржини