Германската индустрија за секс бара дозвола за работа после пандемијата
Утврден е и детален хигиенски план и претставен на политичарите. Здружението посочува дека сексуалните работници се особено заинтересирани за хигиената и за нивната здравствена состојба со оглед дека тоа е „нивниот капитал“.
Асоцијацијата, која здружува работници од германската индустрија за секс, повика на укинување на рестриктивните мерки во врска со нивната работа, а кои беа донесени поради пандемијата на коронавирус.
– Повеќе не е оправдано да се затвораат борделите и да се забранува проституцијата, се вели во писмото од Здружението, упатено до 16 члена на германскиот парламент, кои неодамна повикаа на забрана за плаќање за сексуални услуги.
– Со оглед на фактот дека ширењето на коронавирусот во целата земја опаѓа, индустријата што нуди сексуални услуги мора да биде во можност повторно да заработи приход и да им понуди на клиентите добра услуга, што е човечка и многу важна за нив, се вели во писмото.
– За време на кризата со коронавирусот, таквата услуга може да биде од егзистенцијална важност за клиентите, според германското здружение на сексуални работници, пренесува Хина.