Германската индустрија бележи најголем пад од 1991 година

Култната германска автомобилска индустрија имаше особено остар пад, паѓајќи за дури 31,1 процент.

224

Пандемијата на коронавирусот и вонредните мерки воведени поради ковид-19 ја завија во „црно“ економијата.

Производството во Германија во март опадна за 9,2 проценти во однос на февруари, а култната германска автомобилска индустрија имаше особено остар пад, паѓајќи за дури 31,1 процент.






Според податоците на Федералниот завод за статистика (Destatis) пондерираното производство во производниот сектор во март 2020 година е за 9,2 проценти пониско од претходниот месец, така што ова е најголем пад од јануари 1991 година.

Индустриското производство, без исклучок на енергетскиот сектор и градежништвото, опадна за 11,6 проценти во март 2020 година во однос на претходниот месец. Производството на потрошувачите падна за 7,5 проценти, а на капиталните производи за 16,5 проценти, додека најголема загуба претрпе автомобилската индустрија од 31,1%.

Печатарската индустрија (-12,5 проценти), фармацевтските производи (-11,8 проценти) и облеката (-11,5 проценти) исто така бележат остар пад.

Производството на енергетскиот сектор е за 6,4 проценти пониско од претходниот месец. Спротивно на тоа, градежниот сектор порасна за 1,8 проценти.

Поврзани содржини