Германската експериментална вакцина предизвика имун одговор кај луѓе
Биотехнолошката компанија го користи таканаречениот РНК пристап, ист како „Модерна“, како и „Бионтек“ и неговиот партнер „Фајзер“, кои започнаа масовно тестирање на луѓе кон крајот на јули.
Експерименталната вакцина на германската компанија „Кjурвак“ против ковид-19 предизвика имун одговор кај луѓето, соопшти денеска компанијата.
– Многу сме охрабрени од податоците од првата фаза – рече извршниот директор Франц-Вернер Хас.
Биотехнолошката компанија го користи таканаречениот РНК пристап, ист како „Модерна“, како и „Бионтек“ и неговиот партнер „Фајзер“, кои започнаа масовно тестирање на луѓе кон крајот на јули.
„Кјурвак“ информира дека нивната потенцијална вакцина, позната како „CVnCoV“, генерално добро се поднесува и компанијата планира да почне со последната фаза на тестирање на луѓе пред крајот на годината.
Компанија поддржана од германскиот инвеститор во биотехнологија Дитмар Хоп, фондацијата „Гајетс“ и „ГлаксоСмитКлајн“, соопшти дека волонтерите развиле нивоа на неутрализирачки антитела како луѓе кои се опоравуваат од тешка форма на ковид-19.