ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ПАЃА ВО РЕПРЕСИЈА Квартално падна за 0,3%
Високата инфлација ја лиши економијата од поддршка за личната потрошувачка, покажуваат новите податоци. Личната потрошувачка е намалена за 1,2% во однос на крајот на 2022 година, кога се намали за 1,7%.
Германската економија малку ослабна во првиот квартал и падна во рецесија, денеска покажаа ревидираните проценки на Заводот за статистика, откривајќи силен инфлаторен притисок врз личната потрошувачка.
Сезонски и ценовно приспособениот бруто-домашен производ (БДП) во првите три месеци од годината падна за 0,3% во однос на претходниот квартал кога вредносно ослабна за 0,5%, покажуваат новите проценки на Дестатис.
Првата проценка покажа стагнација на активност на почетокот на годината.
Во однос на првиот квартал од минатата година, БДП е намален за 0,5% во првите три месеци од годинава. Претходната проценка на Дестатис покажа пад на активноста од 0,1%.
– Откако БДП-то веќе на крајот на минатата година се лизна во негативно подрачје, германската економија забележува два негативни квартали по ред – рече претседателката на Дестатис, Рут Бранд.
Ако економијата се намалува два квартали по ред, економистите зборуваат за техничка рецесија, потсетува агенцијата ДПА.
Високата инфлација ја лиши економијата од поддршка за личната потрошувачка, покажуваат новите податоци. Личната потрошувачка е намалена за 1,2% во однос на крајот на 2022 година, кога се намали за 1,7%.
Домаќинствата во првите три месеци од годинава помалку трошеле за храна и пијалоци, облека и обувки и за мебел, посочуваат статистичарите.
Иако растот на цените во последно време е забавен, априлската стапка на инфлација од 7,2 % уште е висока.
Позитивни импулси беа бруто-инвестициите на компаниите и извозот, што бележат раст од 3,0%, односно 0,4% во однос на претходните три месеци.
Зголемени се инвестициите во градежниот сектор, поради поволните временски услови и инвестициите на компаниите во опрема како машини, уреди и возила.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Европската комисија очекуваат германската економија годинава повеќе или помалку да стагнира, а германската Влада предвидува раст на активноста од 0,4%.