ГЕРМАНСКА „WPD“ ЌЕ ГРАДИ ВЕТЕРНА ЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛА „Вирови“ ќе произведува 415 мегавати електрична енергија
Ветерната електроцентрала ќе се гради на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка, а во неа ќе бидат инвестирани 500.000.000 евра.
Германската компанија „ВПД“ (WPD) ќе гради ветерна електоцентрала која ќе произведува 415 мегавати електрична енергија. Ветерната електроцентрала ќе се гради на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка, а во неа ќе бидат инвестирани 500.000.000 евра.
Ова го најавија денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев и германската компанија.
Заев рече дека оваа инвестиција е најголема директна гринфилд инвестиција во македонската економија од независноста и е еднакви на двата болка на РЕК Битола.
Планирсано е да се постават 69 нови ветерни турбини што е за четири пати повеќе од досегашните 16 на границата со Грција, кои ќе произведуваат над 400 мегавати струја.
Ветерната електроцентрала „Вирови“ нема да користи никакви повластени тарифи од државата, но има потенцијал да снабдува 290.000 домаќинства со електрична енергија.
Инвестицијата ќе сеодвива во неколку фази.
– Ова не е само најголемата германска иневстиција во земјата, ова е најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија од независноста до денес. Таа е доказ дека зеленото сценарио и тоа како е возможно. Овој проект е повеќе од половина од предвидените 700 мегавати со стратегијата – рече Заев.
Германската амбасадорка Анке Холтајн, рече дека проектот ќе овозможи годишно намалување од 310.000 тони јаглерод диоксид, а договорот на компанијата со државата за електраната е на 45 години.
-Драго ми е што гледам се поголема соработка меѓу двете земји во полето на енергетиката. Проектот ги поддржува амбиционзите цели на македонската Влада во енергетската транзиција – рече амбасадорката.
„WPD“ работи во 28 земји и располага со над 5.000 мегавати инсталиран капацитет во обновливи извори.