ГЕРМАНСКА ВОЕНА ТРОЈКА ЈА ВОДИ ЕВРОПА Орбан го обвини Брисел за хистерија

Европа сега ја води германска воена тројка: претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е Германка. Германскиот канцелар Фридрих Мерц, очигледно. И лидерот на најголемата фракција во Европскиот парламент, претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, исто така е Германец, изјави лидерот на Унгарија на митинг во Будимпешта.

457

Унгарскиот премиер Виктор Орбан жестоко настапил против она што го нарекол „германска воена тројка“, тврдејќи дека Европа денес ја водат тројца Германци. Неговиот настап одржан во Будимпешта на собир на Фидес, предизвика силни реакции во Брисел и во Берлин.

– Европа сега ја води германска воена тројка: претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, е Германка. Германскиот канцелар Фридрих Мерц, очигледно. И лидерот на најголемата фракција во Европскиот парламент, претседателот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, исто така е Германец – изјави Орбан.






Премиерот истакнал дека унгарскиот народ не сака да биде дел од „нова европска војна“ и дека не заборава како претходните две, Првата и Втората светска, завршиле со трагедии за централна Европа.

– Едвај преживеавме две војни. Не треба да ризикуваме трета – додал Орбан, алудирајќи на зголемените напори на ЕУ за финансирање и вооружување на Украина.

Според унгарските медиуми, неговата изјава е продолжение на антиевропскиот курс со кој Орбан настојува да ја дистанцира Будимпешта од „воената логика“ на Брисел.

Европските претставници сè уште не реагирале официјално, но германски политички извори за „Шпигел“ ја оценија изјавата како „популистичка и штетна во момент на потребно единство“.

Поврзани содржини