Германска студија вели дека умира секој втор пациент приклучен на респиратор
Таа студија дошла до заклучок дека една петтина од лицата, кои се хоспитализирани, умира од последици од коронавирусот.
Една германска студија покажува дека секој втор пациент заболен со коронавирусот, а кој се наоѓа на респиратор ја губи битката.
Студијата, која е објавена во весникот „The Lancet Respiratory Medicine“, го следела морталитетот на ковид пациентите. Таа студија дошла до заклучок дека една петтина од лицата, кои се хоспитализирани, умира од последици од коронавирусот.
Кај лицата кои се приклучени на респиратор смртноста за 52 отсто била поголема, покажува анализата на научниот институт „АОК“ на германското интердисиплинарно здружение за интензивна и ургентна медицина, како и Техничкиот универзитет во Берлин.
Од друга страна, само 16 отсто од хоспитализираните ковид пациенти, кои не биле на респиратор, починале.
„Високата стапка на смртност јасно покажува дека на клиниката се наоѓаат голем број на пациенти со тешки облици на заболување. Тешките облици на болести се однесуваат пред се на старите и лицата со претходно нарушено здравје“, нагласил Јирген Клаубер.
Студијата опфатила пациенти кои меѓу 26 февуари и 19 април биле хоспитализирани.