ГЕРМАНСКА МИНИСТЕРКА СЕ КРИЕШЕ ВО БУНКЕР Руските напади ја затекнаа во Киев

Најмалку две лица беа убиени, а 12 повредени во ноќешниот руски напад врз Киев.

426

Германската министерка за економија Катерина Рајхе мораше да се засолни во бункер за време на руските воздушни напади врз украинскиот главен град Киев во текот на ноќта, пренесува ДПА.

– Тоа беше вознемирувачко искуство, но за жал тажен дел од секојдневниот живот за Украинците. Оваа ноќ уште еднаш многу јасно ми покажа дека нападите на Русија имаат за цел да го исцрпат украинското население – изјави Рајхе денеска на прес-конференција во Киев.






Рајхе пристигна во Украина вчера со економска делегација во посета што ќе трае неколку дена.

– Нападите врз енергетскиот систем на Украина, вклучително и капацитетите за снабдување со електрична енергија и греење пред почетокот на зимата претставуваат сериозна закана – рече германската министерка за економија.

Таа вети дека Германија ќе помогне во обновата на уништената енергетска инфраструктура и „нема да го напушти украинскиот народ“.

Најмалку две лица беа убиени, а 12 повредени во ноќешниот руски напад врз Киев.

Украинскиот ретседател Володимир Зеленски објави дека Русија употребила девет балистички ракети и десетици беспилотни летала.

Од почетокот на годината, Русија лансирала речиси 770 балистички ракети и повеќе од 50 крстосувачки ракети кон Украина.

Поврзани содржини