ГЕРМАНСКА „HEIDELBERG POSPRESS“ САКА ДА ИНВЕСТИРА ВО МАКЕДОНИЈА Би градела погон во Скопје или во Штип
Компанијата моментално се фокусира и на проширување во нови деловни области како што се високо прецизно инженерство на постројки со интегрирана контрола, технологија за автоматизација и роботика, како и растечките зелени технологии.
Водечката германска технолошка компанија „Heidelberg Postpress“ е заинтересирана за инвестирање во Македонија, соопшти Дирекцијата за ТИРЗ.
Како што е соопштено, директорот на ТИРЗ Гоце Димовски денес оствари средба со деректорот на германската компанија Матиас Лаубенштајн на која го информирал за можностите кои ги дава државата за странските инвеститори.
Од страна на Лаубенштајн, бил изразен особен интерес за инвестирање во рамки на зоните, при што акцентот беше ставен на ТИРЗ Скопје и ТИРЗ Штип како потенцијална локација.
Toj нагласил дека стабилната деловна средина, пристапот до квалификувана работна сила и јасната и транспарентна поддршка од институциите се клучни фактори во нивните анализи за избор на нова локација.
„Heidelberg Postpress“е технолошка компанија која веќе 175 години се залага за иновации, квалитет и сигурност во машинското инженерство низ светот. Има јасен фокус на раст, како снабдувач на целосни решенија компанијата го поттикнува понатамошниот развој во основните области на пакување и дигитално печатење, софтверски решенија и бизнисот со животниот циклус со услуги и потрошен материјал, така што клиентите можат да постигнат максимална продуктивност и ефикасност.
Компанијата моментално се фокусира и на проширување во нови деловни области како што се високо прецизно инженерство на постројки со интегрирана контрола, технологија за автоматизација и роботика, како и растечките зелени технологии.