ГЕРМАНИЈА ЗА ПРВПАТ СВЕТСКИ АС ВО КОШАРКА Младиот Јовиќ безмалку заплака пред камерите

Не е, не е, не плачам. Само... Многу ми значи. Навистина многу ми значи - рече Никола за „СпортКлуб“ мислејќи на златото кое Србија го изгуби.

335

Германија го освои златниот медал на Светското првенство во кошаркарка, совладувајќи ја Србија во денешното финале во Манила со 83-77. За Германија ова е првото светско злато во историјата на спортот, додека Србија покрај сребрен медал обезбеди и настап на Олимписките игри 2024 во Париз.

Финалето во Манила беше изразеното по првото полувреме (47-47), а клучна се покажа третата четвртина која Германија ја доби со 22-10.






По натпреварот, Никола Јовиќ, најмладиот кошаркар на Србија пред камерите тешко изусти:

– Среброто е тука, но сите го сакаа тоа злато. Сакавме да победиме, но не. Некако се испразнивме и емотивно и физички, немавме сила и толку.

Следуваше прашање во врска со солзите.

– Не е, не е, не плачам. Само… Многу ми значи. Навистина многу ми значи (медалот) – рече Никола за „СпортКлуб“.

 

Поврзани содржини