Германија воведува забрана за физички контакт место забрана за движење

Германскиот медиумски сервис наведува дека Германија ќе забрани состанување на повеќе од две лица, со исклучок на семејството или лицата кои живеат заедно.

916

Германските покраински премиери за да го сузбијат ширењето на коронавирусот се договорија за воведување „забрана на контакти“ место забрана за движење, јави Дојче vеле.

Германскиот медиумски сервис наведува дека Германија ќе забрани состанување на повеќе од две лица, со исклучок на семејството или лицата кои живеат заедно.






Медиумот додава дека до оваа мерка се дојде откако премиерот на Баварија, Маркус Зедер, без консултации со функционерите на останатите 15 сојузни покраини, воведе забрана за движење на граѓаните.

Поврзани содржини