ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА ЗА РАБОТА Работниците ќе мора да носат документ за идентификација на работа

Министерството за финансии очекува овој закон да ги сузбие нелегалните вработувања од што се очекува да се обезбедат околу 2 милијарди евра дополнителен приход за државата, покраините и фондовите за социјално осигурување до 2029 година.

192

Германската влада неодамна одобри закон за борба против нелегалната работа и перењето пари, особено во фризерската и козметичката индустрија, вклучувајќи ги и салоните за нокти, пишуваат германските медиуми.

Законот треба да го одобри и Бундестагот пред да почне да се применува, но се очекува да обезбеди прилив на дополнитлени 2 милијарди евра во германскиот буџет.






Вработените ќе мора да имаат документ за идентификација на работа и да го покажат за време на инспекциите. Вакво правиле веќе се применува во градежништвото и во угостителството.

Според владата, некои фризерски салони се особено познати како жаришта не само за нелегално вработување, туку и за перење пари. Тие се вклучени и во други форми на организиран криминал. Речиси иста е состојбата со нелегалната работа и експлоатацијата на работницит во салоните за маникир.

– Заземаме построг став кон оние кои се збогатуваат на сметка на јавноста и на грбот на нелегално вработените работници – изјави министерот за финансии Ларс Клингбеил.

Министерството за финансии очекува овој закон да ги подобрат условите за работа на вработените, но и да  обезбеди околу 2 милијарди евра дополнителен приход за државата, покраините и фондовите за социјално осигурување до 2029 година.

Поврзани содржини