ГЕРМАНИЈА ВО ПАНИКА Четвртиот бран и сѐ одново?
Надлежниот институт Роберт Кох пријави 9.658 нови инфекции во Германија за 24 часа. Тоа е за 3.085 повеќе од пред една недела. Така, седумдневната инциденца се зголемила на 154,8 наспроти 149,4 во претходниот ден. Пред една недела беше 110,1.
Германија со четвртиот бран се соочува со премалку вакцинирани, а министерот за здравство и претставник на лекарите бараат повторно отворање на центрите за масовно вакцинирање.
Исто така, се предлага да се воведат построги правила како и самит за коронавирусот.
Надлежниот институт Роберт Кох пријави 9.658 нови инфекции во Германија за 24 часа. Тоа е за 3.085 повеќе од пред една недела. Така, седумдневната инциденца се зголемила на 154,8 наспроти 149,4 во претходниот ден. Пред една недела беше 110,1.
Уште 23 лица починаа од вирусот. Така, бројот на пријавени смртни случаи од почетокот на пандемијата во Германија достигна 95.752 лица.
Здравствениот експерт од СПД, Карл Лаутербах, преку Твитер објави: „За жал, оние кои предупредуваат на нов бран клеветат како паничари. Ќе издржиме, се е во ред. Но, тоа оди во корист на скептиците за вакцинацијата. Неопходно е да се вакцинираат постарите брзо. Идеално би било секое повторно отворање на центрите за вакцинација“. На твитот се прикажани бројките од 29.10. 2020 година, кога немаше вакцина и во истиот ден годинава – кога речиси 70% од населението беше вакцинирано.
Со оглед на наглиот пораст на бројот на нови инфекции, вршителот на должноста министер за здравство Јенс Шпан (ЦДУ) ги повикува федералните провинции повторно да ги отворат центрите за вакцинација.
– Федералните држави треба да ги подготват центри за вакцинација за повторно отворање, кои се во подготвеност од крајот на септември, па така што е можно повеќе луѓе и што е можно побрзо да ја добијат дополнителната вакцина – рече тој за Рајнише пост.
Јенс Шпан исто така смета дека пред сè, сите постари од 60 години треба да бидат писмено поканети на дополнителна вакцинација. Неговото министерство уште еднаш укажа дека во принцип сите граѓани имаат право на дополнителна вакцинација.
Постојаната комисија за вакцинација, пак, препорачува дополнителна вакцинација за лица на возраст од 70 и повеќе години, жители на установи за згрижување стари и изнемоштени лица, персонал кој има директен контакт со стари лица и лица со ослабен имунитет.
Предности на центрите за вакцинација
За повторно отворање на центрите за вакцинација е и претседателот на лекарската комора Клаус Рајнхарт. Во Израел, се виде дека дополнителна вакцинација веројатно ќе биде неопходна за повеќето постари луѓе.
Во центрите за вакцинација тие можат да се „регулираат и сортираат според возрасни групи“, слично на почетокот на кампањата за вакцинација: „Тоа е составен дел од продолжување на борбата против короната и надминување на пандемијата“.
Здравствениот експерт на Зелените Јанош Дамен е незадоволен од вакцинирањето во лекарските ординации.
– По затворањето на повеќето центри за вакцинација, ординациите очигледно не ги исполнуваат очекувањата што им беа поставени, ниту за почетната ниту за дополнителната вакцинација. Ако стапката на вакцинација не е доволна, „ќе мора да се вакцинираме на други места, како што се аптеките – изјави Дамен за мрежата на новинари во Германија.
Построги правила?
Ако четвртиот бран продолжи да се засилува, Клаус Рајнхарт вели дека треба да се воведе правилото 2G (пристап само за вакцинирани и оздравени) во неколку области од јавниот живот, како ресторани и музеи.
Кога станува збор за работните места, тој е за регулатива за 3G, како во Италија и Австрија. Речиси сите вработени во Австрија од денеска треба да докажат дали се вакцинирани, заздравени или негативни на ковид-19. Работодавецот е должен да побара соодветни докази од вработените.
– Како и да е, мораме да најдеме начин што вклучува малку поголема контрола – вели Рајнхарт.
Тој, исто така, се заложи за понатамошно „многу интензивно“ тестирање во домовите за стари лица. Но, тој одби да ја направи вакцинацијата задолжителна за медицинскиот персонал: „Секој треба да може сам да ја донесе оваа одлука. Сепак, „соодветно и фер“ е кога невакцинираните луѓе ги сносат последиците од нивната одлука“.
Германски самит за дополнителна вакцинација
Шпан во текот на викендот во весникот „Билд ам Зонтаг“ повика на самит на сојузната држава и сојузните покраини на тема дополнителна вакцинација.
Градоначалникот на Берлин, Мајкл Милер (СПД) е скептичен во врска со ова. „Во процес сме на спроведување дополнителна вакцинација. Повторно ги поканивме најстарите граѓани“, рече Милер. Прашањето е за што конкретно сака да разговара Шпан, вели тој и очекува министерот да каже каков план има за следните неколку тешки месеци.
Премиерката на Мекленбург-Западна Померанија, Мануела Швајциг (СПД) за медиумите изјави: „Короната е заедничка национална задача и ние секогаш сме ја решавале без разлика на партиската припадност“.
Шефот на ЦСУ Маркус Зедер и здравствениот експерт на СПД, Карл Лаутербах, исто така зборуваа на ковид-самитот во текот на викендот.