ГЕРМАНИЈА ПРОТЕРА 40 РУСКИ ДИПЛОМАТИ Франција ќе протера 35

394

Германското Министерство за надворешни работи одлучи 40 вработени во руската амбасада да ги прогласи за персона нон грата.

Берлин одлучил да прогласи за непожелни „значителен број вработени во руската амбасада кои секојдневно работеле против нашата слобода и единството на нашето општество“.






Русија ќе одговори на протерувањето на дипломатите од Германија, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

– Ќе одговориме и на овој злобен чин на германската политичка машинерија – рече Захарова.

Франција соопшти дека ќе протера околу 35 руски дипломати „чии активности се против нејзините интереси“, се наведува во соопштението на француското Министерство за надворешни работи.

Француското МНР соопшти дека „протераните вработени учествувале во активности спротивни на безбедносните интереси на Франција“.

– Овој потег е дел од демаршот на европските земји, наведува Министерството во своето соопштение.

Поврзани содржини