ГЕРМАНИЈА ПРЕФРЛА АВИОНИ ВО ПОЛСКА Бундесверот се нуди да го контролира полското небо
Патролите ќе доаѓаат од базите на германските воздухопловни сили, тоа веќе го правевме на почетокот на оваа година до јули, тоа е испробано и тестирано, рече портпаролот Кристијан Тилс.
Германското Министерство за одбрана денеска информира дека на Полска ќе и понуди поддршка во патролирање во нејзиниот воздушен простор.
– Патролите ќе доаѓаат од базите на германските воздухопловни сили, тоа веќе го правевме на почетокот на оваа година до јули, тоа е испробано и тестирано – рече портпаролот Кристијан Тилс.
Тој додаде дека за ваквата понуда германската министерка за одбрана ќе разговара со нејзиниот полски колега, подоцна во текот на денот.
– Доколку Полска сака тоа може да се направи уште утре – рече Тилс, додавајќи дека авионите не ќе мора да се префрлаат во Полска за оваа операција.