ГЕРМАНИЈА ПОЧНА ДИСКУСИЈА ЗА ПЕНЗИЈА НА 70 ГОДИНИ Главен адут – животниот век и одржливоста на пензискиот систем

Советот на економски експерти, формиран од министерката за економија Катарина Рајхе (CDU), предложи поврзување на возраста за пензионирање со животниот век, укинување на пензионирањето на 63 години и повторно воведување на таканаречените фактори на одржливост во пензискиот систем.

75

Возраста за пензионирање во Германија ќе мора да се зголеми од сегашните 67 на 70 години, изјави лидерот на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ, Јенс Шпан.

Тој вели дека сегашниот систем за пензионирање на 67 години ќе биде целосно воведен до 2030/31 година, но дека нема да застане тука, бидејќи, како што изјави, со подолгиот животен век на населението, мора да се продолжи и работниот век.






– Ако сакаме да го зачуваме обемот на социјалните бенефиции без да ги оптовариме премногу идните генерации, ќе мора да работиме подолго – додаде тој.

Шпан истакна дека во текот на триесеттите години, возраста за пензионирање постепено ќе се зголемува, прво од година во година, а потоа од месец во месец, пренесува Велт.

Тој изјави дека сега не е вистинско време за политичка дискусија за конкретни промени, но нагласи дека јавноста „мора да ја чуе вистината за одржливоста на системот“.

Изјавата на Шпан доаѓа веднаш откако советот на економски експерти, формиран од министерката за економија Катарина Рајхе (CDU), предложи поврзување на возраста за пензионирање со животниот век, укинување на пензионирањето на 63 години и повторно воведување на таканаречените фактори на одржливост во пензискиот систем.

Во Германија, возраста за пензионирање постепено се зголемува од 65 на 67 години од 2012 година и целосно ќе биде достигната во 2031 година.

Предвремено пензионирање со намален приход е можно, додека посебни услови важат за долгорочно осигурени лица и лица со попреченост.

Поврзани содржини