ГЕРМАНИЈА ПЛАНИРА ДА ПОТРОШИ 2,5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА АВИОНИ Војската ќе ја поднови со уште 15 ловци Ф-35

Со испораката на нарачаните 15 авиони, бројот на Ф-35 што ги поседува Германија ќе се зголеми на 50.

84

Германија планира да нарача уште 15 американски борбени авиони Ф-35, објави денес „Шпигел“.

Во документите доставени до Буџетскиот комитет на германскиот Бундестаг, дополнителната набавка на авиони Ф-35А произведени од „Локид Мартин“ е наведена меѓу воените приоритети, а според проценките на Министерството за одбрана на чело со Борис Писториус, за оваа набавка ќе бидат издвоени 2,5 милијарди евра.
Германските вооружени сили (Бундесвер) досега нарачале 35 модели од овој борбен авион, а првите модели треба да бидат испорачани во Берлин во 2027 година.






Ф-35 треба да ги замени застарените модели „Торнадо“, а стратешки е важно новите авиони да можат да носат нуклеарно оружје, според „Шпигел“.

Со испораката на нарачаните 15 авиони, бројот на Ф-35 што ги поседува Германија ќе се зголеми на 50.

Бундесверот неодамна нарача дополнителни 20 борбени авиони „Еурофајтер“.

Поврзани содржини