ГЕРМАНИЈА НЕМА ДА ПРИЗНАЕ ПАЛЕСТИНСКА ДРЖАВА За Берлин независноста на Палестина држава е можна само по мировен договор со Израел за решение со две држави
Германија смета дека признавањето на палестинската држава треба да се случи дури на крајот од преговарачкиот процес за решение со две држави.
– Договорено решение за две држави е патот што може да им овозможи на Израелците и на Палестинците да живеат во мир, безбедност и достоинство – изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул пред да отпатува за Њујорк на Генералното собрание на Обединетите Нации.
Со оваа изјава Германија ја повтори својата позиција, а како реакција на одлуката на неколку развиени западни земји да ја признаат државата Палестина.
– За Германија, признавањето на палестинската држава би било крајна точка во процесот. Но, тој процес мора да почне сега – додаде тој.
Германија, заедно со САД, е еден од најголемите сојузници на Израел.
По речиси 2 години војна во Појасот Газа меѓу израелската војска и Хамас, Велика Британија, Канада, Австралија и Португалија вчера ја признаа државата Палестина, а се очекува Франција и други земји денеска во Њујорк да го следат нивниот пример.