ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ НОВА ПЕНЗИСКА РЕФОРМА Главен услов за пензија да биде работниот стаж

Дискусијата на владата и експертската јавност сега се одвива од целосно прифаќање на новиот модел, до потреба да се анализира предлогот и од страната на можната дискриминација на идните пензионери.

0

Германската министерката за труд, Барбел Бас најави нов план за пензионирање: наместо фиксна возраст за пензионирање (максимум 67 години), пензиите во иднина треба да бидат поврзани со работниот стаж, односно со минимален број години придонеси.

-Нема да биде доволно да се навртат два шрафа, ни треба сосема нов систем. Во иднина, возраста не треба да биде одлучувачки фактор, туку колку години лицето всушност плаќало придонеси. Оние кои рано почнуваат да работат би можеле да се пензионираат порано, а академиците, кои подоцна ќе влезат на пазарот на трудот, би се пензионирале подоцна. Двете опции ќе ги разгледа новата Комисија за пензиите – рече Бас во емисијата „Bericht aus Berlin“.






Според сегашниот закон до 2031 година, возраста за пензионирање во Германија треба да се зголеми на 67 години. Со новиот предлог само оние со 45 години стаж можат да се пензионираат порано, на 65 години, без намалување.

– Должината на пензијата треба да биде во подобра пропорција со периодот во кој се плаќале придонесите. На пример, занаетчиите кои почнуваат да работат рано би можеле да бидат задоволни – бидејќи порано би достигнале 45 години стаж. Ова би ги направило квалификуваните занаети попривлечни – вели канцеларот Фридрих Мерц.

Експертите имаат спротивставени ставови околу прашањето на новата реформа на пензискиот систем.

Јенс Зидекум, личен советник на социјалдемократскиот министер за финансии Ларс Клингбеил вели дека работниот век е лост на кој мора да се дејствува за да се обезбеди стабилноста на законската пензија.

Економскиот експерт Вероника Грим (54, TU Nürnberg) го поддржува барањето за подолг работен век и „поврзување на возраста за пензионирање со подолг животен век“, но нагласува дека не им е потребна класна борба во пензискиот систем.

– Секој што е доволно подготвен треба да работи подолго – изјави таа.

Експертот за пензии, професорот Бернд Рафелхишен (68, Универзитет во Фрајбург) смета дека предлогот е нецелосен.

– Додека возраста за пензионирање генерално не се зголеми, академиците над 70 години би имале уште поголеми пензиски права бидејќи тие плаќале подолго – и генерално живеат подолго од, да речеме, занаетчиите – истакна тој.

Друг проблем според него е тоа што „академиците би можеле да тужат за дискриминација“ или „да побараат ретроактивна забрана бидејќи нивното образование последователно би се користело против нив, намалувајќи ја нивната вкупна пензија“.

Поврзани содржини