ГЕРМАНИЈА КОНЕЧНО ДОБИ ВЛАДА Падна договор меѓу ЦДУ и СПД еве кој ги доби најмоќните министерства
Во текот на преговорите, дел од членството на ЦДУ го предупредуваше партискиот лидер Фридрих Мерц да не прави преголеми отстапки кон СПД, стравувајќи дека тоа може да го наруши правецот што партијата го најави во предизборната кампања – промена на политичкиот курс.
По 45 дена интензивни преговори по парламентарните избори, демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД), на поранешниот канцелар Олаф Шолц, конечно постигнаа договор за формирање влада во Германија.
Во среда во 15 часот, раководствата на двете партии ќе и се обратат на јавноста и ќе го презентираат коалицискиот договор, пренесуваат германските медиуми. Како што веќе протекоа информации, е договорена и поделбата на клучните министерства.
Според пишувањата на германскиот весник Билд, СПД ќе управува со Министерството за финансии, Министерството за одбрана и Министерството за правда, додека демохристијаните ќе ги преземат Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи.
Претходните денови главна тема на коалициските разговори беа прашањата поврзани со мигрантската политика, даноците и пензиите, кои предизвикаа најголеми несогласувања меѓу двете страни.
Во текот на преговорите, дел од членството на ЦДУ го предупредуваше партискиот лидер Фридрих Мерц да не прави преголеми отстапки кон СПД, стравувајќи дека тоа може да го наруши правецот што партијата го најави во предизборната кампања – промена на политичкиот курс.
На изборите одржани на 23 февруари, ЦДУ освои 28,5% од гласовите, со што стана најсилната политичка партија, но немаше доволно за самостојно мнозинство, поради што беше приморана да бара коалициски партнер.
Анкета: АфД најпопуларна партија во Германија
Првпат според анкетите десничарската Алтернатива за Германија (АфД) е најпопуларна партија во земјата. Шест месеци по предвремените парламентарни избори во Германија, АфД, според резултатите од анкетата на Ипсос има поддршка од 25 отсто, додека во февруари освои 20,8 проценти од гласовите.
ЦДУ/ЦСУ, која на изборите на 23 февруари освои 28,5 отсто од гласовите, според анкетата има поддршка од 24 проценти.
Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и Партијата на зелените бележат намалена поддршка во освоените гласови на изборите, додека партијата Левица го подобри својот резултат од 8,8 на 11 отсто.