ГЕРМАНИЈА ИСПРАЌА ВОЕНИ ТРУПИ ВО ЛИТВАНИЈА Го чека Путин на линијата на фронтот
Ова е првото распоредување на германски трупи во странство по Втората светска војна, илјадници германски војници ќе бидат стационирани на само околу 100 километри од границата со Русија.
Германија трајно ќе стационира илјадници војници на само околу 100 километри од границата со Русија. Новиот договор меѓу Германија и Литванија инициран од руската инвазија на Украина, ќе доведе до првото постојано распоредување на германски трупи во странство по Втората светска војна.
Германските војници ќе бидат веднаш на линијата за фронтот доколку Кремљ некогаш изврши напад на територијата на НАТО, пишува Политико. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус вчера беше во Вилнус за да потпише договор со неговиот литвански колега Арвидас Анусаускас, со кој се утврдуваат условите под кои во таа балтичка земја ќе бидат стационирани 4.800 германски војници и 200 цивили.
Германија во новата безбедносна реалност
– Со оваа бригада подготвена за војна, ние ја преземаме лидерската одговорност овде во алијансата и на источното крило на НАТО. Брзината на проектот јасно покажува дека Германија ја разбра новата безбедносна реалност – посочи Писториус.
Војната во Украина го промени военото размислување во Берлин, принудувајќи ги генералите и политичарите да се движат со необична брзина.
Првите германски трупи ќе бидат распоредени во Литванија следната година, а целосната бригада треба да биде поставена до 2027 година.
-Литванија ќе изгради инфраструктура за базите, трошејќи околу 0,3% од својот БДП во наредните години -рече Лауринас Кашчиунас, шеф на Комисијата за национална безбедност и одбрана на литванскиот парламент.
Писториус рече дека одржување на единица како онаа што е испратена во Литванија, во Германија чини меѓу 25 и 30 милиони евра месечно.
Родерих Кизеветер, политичар од опозициските демохристијани и пензиониран полковник на Бундесверот со 27 години стаж, предупреди дека без соодветен долгорочен план за финансирање, бригадата од Литванија „нема да биде подготвена за одбрана“. Засега Бундесверот може барем делумно да се потпре на еднократниот специјален фонд од 100 милијарди евра за дополнување на редовниот буџет за одбрана.
Сепак, Кизеветер стравува дека парите ќе „пресушат“ порано од очекуваното поради инфлацијата што ќе го изедат фондот.
– Ќе мораме да разјасниме, од 2027 година, кога ќе се троши специјалниот фонд, како да постигнеме 2% (целното трошење на НАТО). Одржливоста е одлучувачки фактор ако сакаме да останеме способни за одвраќање и одбрана за неколку години, што мораме биде – порача Писториус.
Но, и покрај грижите за опремата и парите, Берлин е посветен на распоредувањето, кое германската влада го нарекува „проект светилник“, што ја сигнализира нејзината подготвеност да ги заштити сојузниците на НАТО и да го трансформира Бундесверот во сила „подготвена за војна“.
„Источното крило сега се помести на исток и должност на Германија е да го заштити“, тврди Писториус.
Подготвени за најлоши сценарија
Сегашното распоредување на германските трупи во Литванија ќе претставува една од осумте ротирачки борбени групи распоредени од НАТО во земјите долж нејзината источна граница. Германија ќе го обезбеди најголемиот дел од војниците распоредени во Литванија, а Белгија, Чешка, Луксембург, Холандија, Норвешка и САД, исто така, ќе испратат свои трупи.
Новата единица ќе биде лоцирана на две локации – Рукла во близина на Каунас и Руднинкаи во близина на главниот град Вилнус. Германските трупи ќе бидат лоцирани многу блиску до Сувалки, тесна точка што ја поврзува руската ексклава Калининград и нејзиниот близок сојузник Белорусија.
Западните воени планери веруваат дека превојот Сувалки би можел да биде една од првите цели на Русија доколку Владимир Путин одлучи да започне конфликт со НАТО.
-Треба да ги очекуваме не само најдобрите, туку и најлошите сценарија. Затоа, мора да бидеме подготвени. Русија останува главна закана за нас и за НАТО – заклучи литванскиот министер Анушаускас.