„ГЕРМАНИЈА ИЛИ ЌЕ ГЛАСА ЗА АФД ИЛИ ТОА ЌЕ БИДЕ КРАЈ ЗА ГЕРМАНИЈА“ Маск испрати порака до Гермаците пред локалните избори

Германските медиуми оваа објава на Маск ја пренесоа како мешање на Маск во предизборната кампања во Германија во корист на десничарско популистичката Алтернатива за Германија (АфД).

870

Или Германија ќе гласа за АфД или тоа ќе биде крај за Германија, објави американскиот милијардер Илон Маск на Икс пред локалните избори што се закажани на 14 септември во најнаселената германска покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Германските медиуми оваа објава на Маск ја пренесоа како мешање на Маск во предизборната кампања во Германија во корист на десничарско популистичката Алтернатива за Германија (АфД).






Според германските медиуми, тој реагирал на заедничката изјава на Христијанско-демократската унија, Социјалдемократската партија на Германија, Зелените и други партии, со исклучок на АфД, што учествуваат на изборите во Северна Рајна-Вестфалија, во која се нагласува дека не сакаат изборната кампања да се води „на грбот на мигрантите“.

АфД објави дека не е поканета да се приклучи на иницијативата и дека доколку била поканета, немало да одговори на неа.

Платформата „Европски конзервативци“ претходно соопшти дека таа иницијатива е забрана за слободата на говорот и тврди дека АфД е единствената партија што отворено зборува за прашањата поврзани со миграцијата.

Маск време на кампањата за предвремените парламентарни избори во февруари оваа година преку Икс ги повикува германските граѓани да гласаат за АфД и објави интервју со претседателката на десничарската партија Алис Вајдел.

Локалните избори во Северна Рајна-Вестфалија се сметаат за прв тест за расположението на гласачите, откако христијанско-демократската Влада на Фридрих Мерц дојде на власт на почетокот на мај.

Поврзани содржини