ГЕРМАНИЈА ГО ОСУДУВА УПАДОТ НА РУСКИ ДРОНОВИ Загрозени се човечки животи во НАТО-земја, вели Мерц

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се приклучи на европските лидери во најостра осуда на упадот на руски дронови во полскиот воздушен простор, нагласувајќи дека НАТО е подготвена да се брани.

56

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се приклучи на европските лидери во најостра осуда на упадот на руски дронови во полскиот воздушен простор, нагласувајќи дека НАТО е подготвена да се брани.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги осуди упадите на руски дронови во воздушниот простор на Полска, оценувајќи дека станува збор за сериозна ескалација на односите меѓу Москва и НАТО, пренесува ДПА.






– Русија загрози човечки животи во земја која е дел од НАТО и ЕУ – истакна Мерц.

Канцеларот ги опиша синоќешните настани како неодговорен чин и дел од долга низа провокации во регионот на Балтичкото Море и на источното крило на НАТО.

– Германската влада го осудува агресивното однесување на Русија најостро – нагласи Мерц.

Тој додаде дека Варшава утрово ги информирала своите сојузници од НАТО за упадот на вооружените руски дронови во нејзиниот воздушен простор.

– Добро е што Полска, заедно со своите сојузници од НАТО, успеа навреме да ја препознае оваа опасност и да ја елиминира – рече Мерц, додавајќи дека алијансата е и ќе остане подготвена да се брани.

Поврзани содржини