Германија ги отвора границите за вакцинираните Македонци

Во моментов, одобрени од ЕМА се вакцините на Бајонтек/Фајзер, Модерна, АстраЗенека и Џонсон и Џонсон. Руската вакцина Спутник V и двете кинески: Синофарм и Синовак засега немаат зелено светло од европската агенција.

860

Одлуката на германските власти значи дека македонските државјани од петок 25 јуни ќе можат слободно да влегуваат на германска територија доколку се целосно вакцинирани без оглед на причината за патувањето. Германската влада од следниот петок ги укинува строгите ограничувања за влез на патници од трети земји надвор од ЕУ.

Од петок 25 јуни во Германија ќе бидат дозволени посети и туристички патувања за вакцинирани лица од земји надвор од ЕУ, соопшти вечерва германското министерство за внатрешни работи. Олеснувањето на мерките најпрво ќе важи само за целосно вакцинирани лица со вакцина одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА).






Во моментов, одобрени од ЕМА се вакцините на Бајонтек/Фајзер, Модерна, АстраЗенека и Џонсон и Џонсон. Руската вакцина Спутник V и двете кинески: Синофарм и Синовак засега немаат зелено светло од европската агенција.

Како целосно вакцинирани лица се сметаат оние кај кои минале 14 дена од примањето на втората доза на вакцината. За да се спречат измами со вакциналните сертификати, нивната точност ќе ја проверуваат авионските компании и полицијата.

Поврзани содржини