Германија ги олабави мерките, но доведе до зголемување на стапката на заболени од ковид-19

Според Институтот „Роберт Кох“ (РКИ), стапката на репродукција - проценетиот број на луѓе со потврден заразен пациент - сега е над 1.

563

Бројот на заболени со ковид-19 расте во Германија, покажуваат официјалните податоци, само неколку дена откако земјата ги олесни своите мерки за ограничувања, објави „ВВС“.

Според Институтот „Роберт Кох“ (РКИ), стапката на репродукција – проценетиот број на луѓе со потврден заразен пациент – сега е над 1.






Ова значи дека бројот на инфицирани со ковид-19 сега се зголемува во земјата.

Извештајот уследи додека илјадници Германци се собраа во саботата, повикувајќи на целосен крај на ограничувањата.

Канцеларката Ангела Меркел во средата најави зголемено намалување на националните ограничувања по разговорите со лидерите на германските 16 држави.

Дозволено е да се отворат сите продавници, учениците постепено ќе се враќаат на училиште и Бундес-лигата – германската прва фудбалска лига – ќе се рестартираат веќе следниот викенд.

Но, имаше протести низ целата земја во саботата, бидејќи некои повикаа на уште побрзо да се укинат мерките.

Германија е на седмото место според бројот на потврдени случаи во светот, а најновите податоци од неделата покажуваат бројот на заболени во земјата со ковид-19 изнесува 169.228 лица, а додека бројот на починати е 7.395.

Што вели извештајот?

Бројот на репродукција е начин за оценување на можноста за ширење на болеста. Не е фиксен број затоа што се менува како што се менува нашето однесување или како што се развива имунитетот.

Тоа е едно од трите важни мерења за следење на појавата, а другите се сериозноста на симптомите и бројот на заболени.

Во извештајот на јавната здравствена агенција објавен во саботата се вели дека стапката на репродукција се проценува на 1,1, додека податоците од неделата велат дека е 1,13. Инаку оваа бројка беше под 1 во последните три недели.

Агенцијата соопшти дека оваа проценка го вклучува „степенот на неизвесност“, а стапката ќе треба внимателно да се набљудува во текот на следните денови.

Сè уште не беше можно да се процени „дали трендот на намалување на бројот на случаи на заболени во текот на изминатите неколку недели ќе продолжи или дали повторно ќе се зголемат бројот на инфицирани.

Германија доби пофалби за нејзиниот одговор по појавата на епидемијата. Масовното тестирање и ефективните ограничувања за рестрикција на движењето помогнаа да се зачува бројот на починати далеку пониско отколку во другите европски земји.

Но, некои ја критикуваа одлуката на Меркел да ги олабави тие мерки, откако во средата разговараше со шефовите на 16 држави.

Канцеларката наметна „сопирачка за итни случаи“, барајќи од локалните власти повторно да воведат ограничувања доколку случаите се издигнат над прагот од 50 на 100.000 луѓе.

Појавата на ковид-19 во погоните за преработка на месо во државите Северна Рајна-Вестфалија и Шлезвиг-Холштајн, наводно, ја прекршиле таа линија и ги принудија окружните службеници да дејствуваат.

И една област во државата Турингија, наводно, регистрирала повеќе од 80 заболени на 100.000 луѓе, за кои се смета дека се резултат на појавањето во домови за стари лица.

Поврзани содржини