Германија ќе прифати 500 мигранти, ама само деца

Министерот за внатрешни работи Хајко Маас претходно за РТЛ изјави дека во првата фаза во Германија треба да бидат донесени од 350 до 500 малолетни бегалци без придружба.

211

Германија следната недела ќе ги прими првите 50 малолетни бегалци кои моментално се наоѓаат на еден од грчките острови, соопшти денеска германската Влада, која се подготвува да прифати 350 до 500 малолетни бегалци во првата фаза.

„Чартер летовите од Грција се очекуваат следната недела. Две недели по нивното пристигнување, децата ќе бидат ставени во карантин во сојузната покраина Долна Саксонија, по што ќе бидат префрлени во други покраини“, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи.






Министерот за внатрешни работи Хајко Маас претходно за РТЛ изјави дека во првата фаза во Германија треба да бидат донесени од 350 до 500 малолетни бегалци без придружба.

Владата на почетокот на март одлучи да прими вкупно 1.000 до 1.500 малолетни бегалци од прифатилиштата на грчките острови.

Поврзани содржини